Организаторите на Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг сакаат спортистите да се чувствуваат добредојдено во Јужна Кореја на секој можен начин, обезбедувајќи им рекорден број на кондоми.
Во текот на 16-те олимписки денови ќе бидат поделени 110.000 кондоми, за 10 илјади повеќе од Ванкувер 2010 и Сочи 2014.
Бидејќи зимскиот спектакл е многу помалкуброен од Летната олимпијада, и има само 2.925 пријавени спортисти, за секој ќе има во просек по 37.6 отсто. Сепак, кондомите нема да бидат достапни само за спортистите.
„Корпите со кондоми ќе бидат распределени во машките и женските тоалети во олимписките села во Пјеонгчанг и Гангнеунг, во просториите за новинарите, како и во медицинските центри“, објавија организаторите.