Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ потврди дека со взаемна согласност го прекинал договорот со Ал-Духаил, со што е поблиску до новиот италијански прволигаш Беневенто, иако постои и опција Милан да го донесе искусниот Хрват.
34-годишниот Манџукиќ си замина од Јувентус откако Маурицио Сари не го постави во тимот за Лигата на шампиони, но изддржа само седум месеци на Блискиот Исток. Манџукиќ беше фудбалер на Јуве од 2015 до јануари 2020 постигнувајќи 44 гола во 162 натпревари за клубот.
„Се договорив со менаџментот на Ал-Духаил да се прекине мојот договор. Ја ценам довербата и гостопримството во Катар и му посакувам сè најдобро на клубот во иднина“, напиша Манџукиќ.
I reached an agreement with @duhailsc management to terminate my contract by mutual consent. I appreciate the trust and hospitality that I have received in Qatar and I wish the best to the club and the team in the future. #mm17? pic.twitter.com/DrJ2yBxp7V
— Mario Mandžukić MM17 (@MarioMandzukic9) July 5, 2020