Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека е презадоволен од седмата победа во низа на неговиот тим, но додава дека не се чувствува како шампион и луто одговори на обвинувањата дека ВАР системот му прави услуги на „кралскиот клуб“.
Дел од коментаторите сметаа дека пеналот со кој Реал стигна до 1:0 победа на гости кај Атлетик Билбао бил престрого досуден, посебно бидејќи имаше слична ситуација со старт над фудбалер на домашниот тим кој не беше санкциониран.
„Ова беше многу важна победа во борбен меч игран со голем интензитет. Додека не ја освоиме математички титулата, нема да зборуваме за тоа. Секој ден ме прашувате за судиите и за такви работи, и нема да зборувам многу бидејќи имам доста искуство со тоа и како фудбалер и како тренер. Веќе ми мака да слушам дека сме победиле со судиите. Тоа нема да се смени, но моите фудбалери заслужуваат почит. Никој нема да ни го одземе тоа“, вели Зидан.
VAR is the champions of Laliga this season with Real Madrid representing them in colours pic.twitter.com/BnhD2WGePa
— COUTINHO (@Benjami29140950) July 5, 2020
#LaLiga ? | #AthleticRealMadrid ⚽
? ¿Qué? pic.twitter.com/r75LzLLLfz
— Diario SPORT (@sport) July 5, 2020