Top Sport

Марез „штрајкува“, не е во состојба да игра

Алжирската ѕвезда на Лестер сити, Ријад Марез го пропушти тренингот на клубот и наводно е на „штрајк“ бидејќи „не е во состојба да игра“ по пропаднатиот трансфер во Манчестер сити, тврди „Скај спортс“.

26-годишниот Марез бил лут на Лестер поради високата цена кои тие ја барале од Сити, откако за „ЕСПН“ од Сити добија информации дека клубот барал 95 милиони фунти, а Сити реши да даде максимални 65 милиони фунти. Алжирецот, кој има договор до 2020 година, уште минатото лето побара трансфер од Лестер.

„Ријад е депресивен поради случувањата во последните два дена и не сфаќа зошто Лестер се однесуваше на таков начин. Ова е четврти трансфер рок во кој Лестер му кажуваат дека е слободен да замине. Тој смета дека го дал максимумот, а играњето за Сити ќе беше остварување на неговиот сон“, вели неименуван пријател на Марез за „Скај спортс“.

Сити решија да не платат 95 милиони фунти за Марез

 

Scroll to Top