Потврда дека на социјалните мрежи може да се најде буквално се доаѓа од Бугарија.
Имено, бугарски фудбалски клуб кој сезонава се натпреваруваше во Втората лига, Спартак Варна објави интересен оглас.
Тренерот на екипата, извесен Кирјакос Георгиу на Фејсбук објави дека клубот бара дефанзивец (стопер) кој знае да игра во формација 3-5-3, но условот е да поседува патна исправа од ЕУ.
Заинтересираните треба да испратат своја биографија и видео на мејл, а клубот е одбере на кого ќе му овозможи проба, со обезбедено сместување и храна.
Загарантирана е месечна плата меѓу 400 и 500 евра, плус платено сместување.
Тренерот на клубот пишува и дека дошло ново раководство во клубот кој постои повеќе од 100 години и имаат амбиција Спартак на краток рок да направи екипа која ќе се врати во елитата и ќе се бори за излез во Европа.
? BRILLIANT! Bulgarian lower league side Spartak Varna are recruiting young centre backs capable of playing in a 3-5-2 formation via Facebook ??? Their coach is posting the job offers, with the expected salary being €400-500 pic.twitter.com/IZZbfGV5In
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) July 6, 2020