Top Sport

„Меси не знае со глава, Роналдо не додава, никој не е како Пеле“

Поранешниот бразилски фудбалер, екс-напаѓачот на Америка Минеиро, на Крузеиро и на Васко де Гама, Тостао смета дека никој не може ниту да се доближи до квалитетите на Пеле. Тостао му беше соиграч на славниот бразилски фудбалер во периодот од 1966 до 1972 година, а заедно го освоија Светското првенство во 1970 година.

Тостао смета дека ниту Меси, ниту Роналдо не можат да се споредат со Пеле.

„Мислам дека Пеле е подобар од сите. Не можат да се споредат. Пеле беше многу покомплетен играч. Имаше се што треба да има еден напаѓач и немаше ниту една мана. Меси е спектакуларен, но не е добар во скокот и не знае да игра со глава. Не знае да игра толку добро со двете нозе, како Пеле. Кристијано Роналдо исто така е спектакуларен, но тој не го знае она што го знаеше Пеле – фантастичните додавања“ – смета Тостао.

Тој смета дека за да се направи играч од калибарот на легендарниот Бразилец, треба да се земат сите квалитети и на Меси и на Роналдо.

Scroll to Top