Жозе Мурињо проблемите во нападот ги реши со трансферот на Алексис Санчез, а дупките во одбраната ќе ги крпи во летниот преоден рок.
Поразот од Тотенхем (2:0) во средата ги покажа сите слабости во одбраната на Манчестер јунајтед, особено во централниот дел кадде играаат Крис Смолинг и Фил Џонс.
Мурињо прзна по тој натпревар дека неговата одбрана изгледала смешно, поради што има намера да донесе нов централен дефанзивец. Изборот на Мурињо е Самуел Умтити од Барселона.
24-годишниот репрезентативец на Франција има петгодишен договор со Барселона и откупна клаузула од 60 милиони евра. Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за да го донесе Умтити на „Олд Трафорд“.
Свесни дека откупната клаузула во договор на Умтити е мала челниците на Барселона започнале преговори со преставниците на дефанзивецот за потпишување на нов договор, со кој играчот би добил поголема плата, а би била и зголемена откупната клаузула.
Според шпанските медиуми првата рунда на преговори помеѓу Барселона и менаџерот на Умтити завршила неуспешно.