Top Sport

Миротиќ ќе лета со Пеликаните

Црногорецот со шпански пасош Никола Миротиќ (26) кариерата ја продолжува во Њу Орлеанс Пеликанс.

Овој тим ја реализира размената со Чикаго Булс, а за Миротиќ во „градот на ветриштата“ ги испрати Џамир Нелсон, Тони Ален, Омер Ашик и пикот од првата рунда на драфтот кој ќе се одржи оваа година.

Планот на Булс е веднаш да ги отпуштат Ален и Нелсон, а Миротиќ во Њу Орлеанс ќе доби гарантиран договор за наредната сезона вреден 12 милиони долари.

По успешната европска кариера во дресот на мадридски Реал, Миротиќ во 2016 година се пресели во Чикаго. Просечно во кариерата во дресот на Булс Миротиќ бележел 11 поени по натпрвевар. Оваа сезона му е најдобра во кариерата со просек од 17 поени по натпревар.

Тој изрази желба да го напушти тимот по инцидентот кој се случи на почетокот на сезоната кога соиграчот Боби Портис на тренинг физички се пресмета со него.

Scroll to Top