Top Sport

Икарди во клинч со хрватскиот двоец

„Во соблекувалната на Интер има многу проблеми“, признал најуспешниот претседател во историјата на клубот Масимо Морати, а според шпакулациите најекспонирани се хрватските фудбалери.

„Кориере дела Сера“ пишува дека во финишот на преодниот рок капитенот Мауро Икарди имал жестока распаравија со хрватскиот тандем Иван Перишиќ-Марсело Брозовиќ.

Расправијата се случила по разочарувачкото реми кај СПАЛ (1:1).

Потоа Хрватите ја прекинале комуникацијата со Икарди на социјалните мрежи. Брозовиќ престанал да го следи Икарди на Инстаграм, а Перишиќ го избришал од фејсбук.

Целиот хаос кој владее во Интер, а кој е предизвикан од серијата на лоши резултати, се обидува да го искористи Реал. „Кралскиот клуб“ се обидува да го обезбеди потписот на 24-годишниот напаѓач за летниот преоден рок.

Scroll to Top