Ерик Даер доби суспензија од четири натпревари бидејќи влета на трибините да се пресмета со еден навивач по натпреварот во ФА купот помеѓу Тотенхем и Норич. Исто така ФА му одреди и парична казна во износ од 40.000 фунти.
Тотенхем испаднаа од Норич по изведувањето на пенали во осмина-финалето на ФА купот. По завршувањето на мечот Даер влезе на трибините за да се пресмета со еден нанвивач кој го навредувал него и неговото семејство.
Инцидентот се случи во март неколку дена пред да биде суспендирана сезоната поради коронавирусот.
ФА во образложението за изречената казна напиша дека „однесувањето на фудбалерот било заканувачко.“
Интересно од инцидентот до изрекувањето на казната минаа 127 дена.
Даер предизвика скандал – сакаше физички да се пресмета со навивач (Видео)