Извршниот одбор на ФИФА бил подготвен да донесе одлука правилото за пет измени да вежи и во сезоната 2020/2021 кога таа ќе започне.
По принудната пауза која настана поради коронавирусот ФИФА донесе одлука да им овозможи на клубовите да имаат право на пет измени во текот на еден натпревар. Правилото е донесено со цел да се заштити здравјето на фудбалерите.
Во моментот кога правилото беше донесено ФИФА им даде можност на националните сојузи самите да решат дали ќе го прифатат или не. Ниту една земја не го одби новото правило, иако е јасно дека најголем бенигит од него имаат клубовите со широк играчки кадар.
Иако правилото за пет измени требаше да важи само да завршувањето на сезоните неколку медиуми најавија дека Извршниот одбор во наредните денови ќе донесе одлука пет измени да има и во сезоната 2020/2021.