Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги отфрли тврдењата на својот стар ривал, менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо дека титулата веќе е во рацете на „граѓаните“ и дека тие се борат само за второто место.
Сити стигна до 3:0 победа над Вест Бром во средата, додека Јунајтед загуби со 2:0 од Тотенхем по што „Ѓаволите“ заостануваат 15 поени од своите лути ривали. Мурињо пред мечот со Хадерсфилд вели дека со 13 натпревари до крајот неговиот тим мора да се бори да биде „прв од последните“, односно да биде втор.
Гвардиола, по којзнае кој пат, не се согласува со Мурињо.
„Има 13 натпревари, 39 поени за освојување. Имаме 15 поени повеќе, така што е јасно дека нее готово. До крајот на сезоната имаме уште многу тешки натпревари, како мечот со Барнли. Потоа играме и со Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Челси. Дефинитивно не е завршено“, вели Гвардиола.