Мелиса Сата (34) последните 4 години е во брак со фудбалерот Кевин-Принц Боатенг.
Од 2006 до 2011 година беше во врска со екс-фудбалерот, Кристијан Виери. Приказната заврши откако го фати во неверство, со италијанската актерка Сата Томаси.
Летото 2011 година се вери со бизнисменот Џанлука Ваки, а во октомври истата година светските медиуми ја обелоденија аферата што ја имала со Коби Брајант. Поради Мелиса, сопругата на кошаркарот, Ванеса побара развод од трагично загинатиот кошаркарски ас на Лејкерси.
Со Боатенг е од ноември 2011, а се венчаа во 2016 година. Две години претходно го добија синот Медокс.
„Водам љубов 8-10 пати неделно, но најверојатно не сум нимфоманка поради тоа. Од друга страна, тоа веројатно е причината што Кевин често има проблеми со истегнувања“ – изјавила Сата.
Минатата година поради сомнеж за неверство парот бил пред развод, но страстите се смириле и сега тие се заедно.