Top Sport

Михајловиќ: Како на терен да пуштам убијци, а не деца!

Калчолигашот Болоња по сензацијата што пред неколку дена ја направи на „Меаца“ против Интер, синоќа киксна на домашен терен, пораз од Сасуоло со 1-2.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ беше нервозен, па поради приговор на главниот судија Фурние, во 82 минута доби црвен картон. По мечот почна да го критикува.

„Победија заслужено, затоа што играа подобро, не ме прашувајте зашто загубивме. Го пцуев судијата затоа што Болоња доби најмногу жолти картони и оправдано ме исклучи. Вадам деца на теренот, а излегува дека сме убијци. Лесно е нас да ни даваат жолти картони, за разлика од некои познати играчи“ – рече Михајловиќ.

По ова, Србинот упати критика и до аналитичарот Џузепе Бергоми, поранешниот фудбалер на Интер.

„Половина час зборуваа за Интер, не ја ни споменаа Болоња. Како ова да не е `Скај`, туку клупски канал на Интер. Тоа не е новинарство, тоа е срамота“ – смета Михајловиќ.

Scroll to Top