„Утката“ на Челси, Мичи Батшуаи дебитираше со два гола за својот нов тим Борусија Дортмунд, за да помогне тренерот Петер Штегер да има победничко враќање на „Рајн Енерги“ стадионот во Келн, откако БВБ со 3:2 ги победи Келн.
Батшуаи, кој дојде од Челси како позајмен играч во поголемата зделка за преселба на Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал, погоди во 35. и 62. минута, во меч во кој Борусија двапати го губеше водството.
На крајот, човек на одлука беше Андре Ширле со гол во 84. минута за Штегер, кој седна на клупата на „милионерите“ откако беше отпуштен од Келн да освојат три поени во првиот меч од 21. коло во Бундеслигата. Борусија сега е втора со 34 поени поради подобра гол-разлика од Леверкузен и Шалке, но уште со огромни 16 поени помалку од Баерн. Келн се последнопласирани со само 13 поени, три помалку од претпоследниот Хамбургер.