Top Sport

Гол-шоу на „Велодром“, Марсеј на второто место (видео)

Првиот петочен меч во француската Лига 1 донесе неверојатни осум гола, откако Марсеј со 6:3 го совлада фенерџијата Мец за да избие на второто место на табелата зад убедливите лидери Пари Сен-Жермен.

Посебно импресивен беше првиот гол на Морган Сансон во шестата минута, кога иако падна, тој успеа да ја протне топката во голот на Мец.

Флоријан Тован имаше хет-трик, додека голови за тимот на Руди Гасија постигнаа и Митроглу и Жермен. Марсеј е на второто место со 51 поен, осум помалку од ПСЖ, додека Мец останува убедливо последен со 18 поени, пет помалку од претпоследниот тим на Тулуз.

Scroll to Top