Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денеска објави дека постои можност напаѓачот Винисиус да е позитивен на коронавирусот, но сепак најави дека се очекува нов тест, за потврда.
Доцна попладнево стигнаа резултатите – младиот голгетер е негативен на Ковид 19.
Тој утре ќе му биде на располагање на Зидан за мечот против Алавес кој е од огромно значење за Кралевите затоа што Барселона по синоќешниот триумф над Еспањол се доближи на само бод од Реал кој и натаму е лидер на табелата во Ла лига.
Распоредот на Реал до крајот на првенството е релативно лесен – домашни мечеви со Алавес и Вилјареал и гостувања кај Гранада, односно Легањес.
Сепак, мадридскиот клуб има проблеми со повреди и суспензии. Повредени се Начо и Марсело, а суспендирани се Рамос и Карвахал.