Ентони Дејвис влезе во историјата на НБА франшизата од Њу Орлеанс. Тој на натпреварот против Оклахома стана најдобар клупски стрелец.
Дејвис во победата на Њу Орлеанс над Оклахома 114:110 постигна 43 поени, 16 од нив во последната четвртина кога го реши победникот. 24-годишниот крилен центар стигна до бројката 9.702 поени и го мина на вечната листа Дејвид Вест.
Остварувањето на Дејвис ја засени партијата на Расел Вестбрук кој го забележа 16. трипл дабл во сезоната (16 поени, 10 скока, 14 асистенции).
Блескава вечер имаше и дебитантот од Јута Џез Донован Мичел кој во убедливата победа на својот тим над Феникс 129:97 постигна 40 поени (7/9 тројки).
Милвоки во драматична завршница успеа да го добие дуелот со Њујорк Никс 92:90. Јанис Адетокумбо постигна поени на нецели две секунди до крајот на мечот. Гркот на крајот имаше 29 поени и 11 скока и по 2 асистенции и блокади.
Овој меч го обележи враќањето на Џабари Паркер во тимот на Милвоки. Овој крилен центар паузираше една година поради повредата.
Резултати:
Шарлот-Индијана 133:126
Бостон-Атланта 119:110
Торонто-Портланд 130:105
Бруклин-ЛА Лејкерс 99:102
Филаделфија-Мајами 103:97
Сакраменто-Голден Стејт 104:119