Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси договорил две годишна соработка со Петронас Јамаха. Соработката официјално ќе биде потврдена пред трката во Херез на 19 јули.
Деветкратниот светски првак неколку месеци преговараше со сталетискиот тим на Јамаха, на крајот успеа да постигне договор.
Договорот ќе важи до крајот на сезоната 2022, што значи дека кога ќе му заврши договорот со Петронас Јамаха Роси ќе има 43 години.
Договорот на Роси со Јамаха истекува оваа сезона, на неговото место во тимот ќе дојде актуелниот возач на Петронас Фабио Квартараро.
Тимски колега на Роси ќе му биде Франко Морбидели кој ја има минато академијата на славниот сонародник.