Фотографијата на неделата, можеби и на месецот доаѓа од Херцеговина. Во Габела викендов се одржува меморијалниот турнир „Андрија Анковиќ“ на кој покрај домаќинот ГОШК учествуваат и Хајдук од Сплит, шампионот на Босна и Херцеговина Зрињски и првакот на Црна Гора Сутјеска.
Во првиот натпревар домаќинот ГОШК направи изненадување со победата над Хајдук 2.1, но она што го обележа турнирот е она што се случи по завршувањето на натпреварот.
На теренот влезе култниот авотмобил за балканските простори „Голф 1“ на кој бил закачен голем валјак за рамнење на тревникот.
За домаќините она што се случувало е вообичаено, но играчите на Хајдук ги извадиле мобилните телефони за да го документираат моментот.