Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард за британски „Сан“ откри несекојдневен детал од периодот додека настапуваше за „црвените“. Конкретно се работи за мечот меѓу Борнмут и Ливерпул во ФА купот во сезоната 2013/14.
Популарниот капитен на Ливерпул, Стиви Џи добил незгоден удар во половиот орган по еден дуел со Хари Артер, по што заработил посекотина на органот.
„Го спуштив шорцот и видов дека гаќите ми се потполно крвави. Мозокот ми работеше 100 на саат, се загрижив нешто страшно да не се случило. Истрчав до клупата, кон тренерот Роџерс и му реков `Види, имам проблем доле. Се соблеков, а тој направи гримаса и замавна со главата`“ – раскажа Џерард.
Повредата морала веднаш да биде санирана.
„Доктор Крис Морган молневито реагираше, ги повика соработниците кои ме опкружија, направија метеж за никој да не види за што се работи. Го спуштив погледот и си помислив дека тоа може да е последен поздрав со `врсникот`.
Соиграчите вриштеа од смеа. Се смеев, но сакав сите да ги истепам“ – изјави Стиви Џи.