Top Sport

Бруно Фернандеш вторпат во низа играч на месецот во ПЛ

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Португалецот Бруно Фернандеш повторно втор месец во низа е прогласен за играч на месецот во Премиерлигата.

Откако пристигна на Островот, тој доминита на терените, и е првиот Португалец, по Кристијано Роналдо кој двапати по ред го добива ова признание.

Јунајтед е првиот тим во историјата на ПЛ кој на 4 меча во низа слави со најмалку 3 гола разлика.

Фернандеш во тие 4 меч постигна 4 гола, со 2 асистенции.

Освен двајцата Португалци, двапати во низа ова признание го добивале и Роби Фаулер, Денис Беркамп, Мохамед Салах, Џејми Варди и Хари Кејн.

Scroll to Top