Судот за спортска арбитража во Лозана во понеделник во 10.30 часот ќе ја објави одлуката во врска со жалбата на Манчестер Сити за двегодишната забрана за учествувње во европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер плеј.
УЕФА го казни Сити поради кршењето на финансискиот фер плеј, но и поради тоа што Управата на клубот не соработувала со истражителите. Има и финансиска казна од 30 милиони евра за прекршокот направен во периодот од 2012 до 2016 година.
Клубот вложи жалба, а тренерот Пеп Гвардиола очекува промена на одлуката.
„Уверен сум дека и следната сезона ќе играме во Лигата на шампиони, затоа што ги видов аргументите на клубот“ – рече Гвардиола.
Конечната одлука е многу важна за „граѓаните“. Доколку останат без учество во ЛШ, големо прашање е што ќе се случи со најголемите ѕвезди во екипата и на крај на краевите, каква ќе биде судбината на Гвардиола на „Итихад“.