Top Sport

Коронавирусот се врати во Црвена звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда во некомплетен состав денес ќе ги започне подготовките за новата сезона. Клубот соопшти дека шестмина фудбалери и еден член на стручниот штаб се заразени со коронавирусот.

Пред почетокот на подготвките биле тестирани сите во клубот, а коронавирусот бил потврден кај шестмина фудбалери: Срѓан Спиридоновиќ, Вељко Николиќ, Страхиња Ераковиќ, како и кај тројца кои претходно биле заразени со вирусот: Марко Гобељиќ, Душан Јованчиќ и Бранко Јовичиќ.

Клубот соопшти дека иако тестовите на фудбалерите биле позитивни никој од нив не покажувал симптоми.

Scroll to Top