Младата ѕвезда на светскиот фудбал Ерлинг Халанд бил исфрлен од ноќен клуб во Норвешка. Инцидентот се случил синоќа, а во главната улога бил 19 годишниот напаѓач.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа дека тој есака да се пресмета со обезбедувањето откако не му било дозволено да влезе во угостителскиот објект.
Халанд зад себе има неверојатна сезона во Салцбург и Борусија Дортмунд. За Салцбург постигна 18 гола на 22 натпревари, а за Дортмунд на 18 натпревари стрелец бил 16 пати.
Haaland just got kicked out of the club in Norway? pic.twitter.com/AKI4IwrGJS
— Nikolai (@NRypdal) July 11, 2020