Top Sport

Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ 251 (Видео)

Приредбата УФЦ 251 утрово се одржа во Абу Даби. Борецот од Австралија кој има македонско потекло Александар Волкановски ја одбрани титулата во перо-лесна категорија (до 66 килограми).

Волкановски титулата ја одбрани со тесната победа над Макс Холовеј. Со одлука на судиите 47:48, 48:47, 48:47 Македонецот од Австралија втор пат го победи својот противник.

Волкановски во декември, во исто така израмнет меч, славеше над Холовеј.

Покрај Волкановски титулата во Абу Даби успеа да ја одбрани и Камару Усман. Нигериецот со едногласна одлука на судиите (50:45, 50:45, 49:46) го победи Хорхе Масидвал.

Борецот од Русија Пјотр ја освои титулата во бантам категоријата (до 61 килограм). Пјотр со технички нокаут за три минути и 24 секунди го победи Хенри Сехуд. 27 годишниот руски борец нема пораз во седумте борби во УФЦ, во ММА неговиот скор е 15-1.

Scroll to Top