Тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини не го криел незадоволството од судењето на натпреварот кој неговиот тим го одигра протв Јувентус. Аталанта два пати имеше предност во Торнио, а Јувентус од пораз се спаси со головите постигнати од белата точка.
Пеналите кои беа судени против Аталната во најмала рака се дискутабилни. Де Рум,а потоа и Мјуриел играа со рака во забранетата зона. Според новите правила секое играње со рака во шеснаесетникот е пенал, но прашање е дали играчите имаа доволно време за вистинска реакција.
„Ова се правила кои се над сите правила во Италија. Што треба да направиме да си ги исечеме рацете? Пенали како првиот веќе имаше оваа сезона, многу тимови беа кезнети на тој начин. Тоа е лудило, правилата не се толкуваат исто во сите земји. Во другите држави за ова не се суди пенал“, рекол Гасперини.
„Одигравме голем меч против лидерот во Серија А. Им кажав играчите да продолжат вака и во август, во Лигата на шампионите. Пресреќен сум поради играта и многу сум разочаран бидејќи не победивме.“
Аталанта во четврт-финалето во Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ, победникот во полу-финалето ќе игра против подобриот од натпреварот Атлетико Мадрид-Лајпциг.