Немања Матиќ пред шест месеци го селеа по разни клубови, меѓутоа успеа да го убеди тренерот Оле Гунар Слоксјер дека местото му е во првиот тим на Манчестер Јунајтед. По паузата поради коронавирусот Матиќ е стандарден во тимот и е еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“.
„Немања е ментор на овој тим“, рекол најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед Пол Погба.
„Тој ни обезбедува баланс на теренот, мене ме турка да напредувам, во текот на натпреварите ме советува што да правам. Одличен е, советите му се на место, искусен е, но секогаш сака нешто повеќе. Напорно тренира, вистински професионалец. Матиќ навистина му е потребен на нашиот тим, неверојатно е добро што го имам за соиграч“, заклучил светскиот првак со Франција.
Матиќ во 2017 година за 40 милиони фунти од Челси се пресели во Манчестер Јунајтед. Неодамна тој го продолжи договорот со клубот до 2023 година.