Манчестер Јунајтед синоќа не успеа да го победи Саутемптон (2:2). „Црвените ѓаволи“ победата ја испуштија во 96 минута кога Мајкл Обафени го совлада Де Хеа. Јунајтед испуштија два важни бода во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ го најдоа виновникот за ваквиот резултат, тое Хари Мегваер, играч за кого клубот издвои 80 милиони фунти.
Мегваер пред десет дена беше посрамотен од играчот на Борнмут Станислас, синоќа наместо противнички играч во клучниот момент пасеше на соиграчот Арон ван Бисака.
School boy defending from d most expensive defender in d world, Harry Maguire is literally marking his own player. Leicester is worse dan hushpuppi, how on earth did they sell dis garbage of a defender for £80M? pic.twitter.com/xyAq19gq2Z
— Ibrahim Suleiman (@Ibrahim60581188) July 13, 2020
„Ти си Давид Луиз само што имаш поголема глава“, напишал на „Твитер“ навивач на Јунајтед од Бразил.
„Мегваер и Луиз би биле совршена комбинација за некој тим од пабот“, напишал друг фан на „црвените ѓаволи“.