Top Sport

Клоп му го честитал пласманот во Чемпионшип

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп на напаѓачот на Викомб, Адебајо Акинфенва, му го честитал пласманот во Чемпионшип дивизијата. Викомб Вондерерс прв пат во својата 133 годишна историја ќе играат во вториот ранг на англискиот фудбал.

Акинфенва за кого велат дека е најсилниот фудбалер во светот, по мечот рекол дека единствена особа која може да му се јави да му го честита пласманот во Чемпионшип и да слави заедно со него е Јирген Клоп.

Германецот, кој сезонава стана шампион на Англија со Ливерпул му се обратил на Акинфенва со видео-порака на „WhattsApp“. Клоп во пораката му го честитал пласманот на Викомб во Чемпионшип на 38 годишниот напаѓач.

 

Scroll to Top