Реал Мадрид два бода се оддалечени од освојувањето на 34 шампионска титула во клупската историја. На патот до трофејот тие имаа мала помош од Еден Азарза кого пред стартот на сезоната очекуваа да биде лидер во тимот.
Реал минатото лето платија 100 милиони евра за 29 годишниот Белгиец. На почетокот на сезоната имаше проблеми со вишокот килограми, а потоа и со повредите, поради што одигра само 15 натпревари.
Откако сезоната беше рестартирана тој на првите две средби беше во стартната постава, но на останатите натпревари собра само осум минути на теренот, на последните две средби воопшто не беше во ростерот.
„Играчот мора да биде во многу, многу добра форма за да игра, а тој не целосно ОК. Ситуацијата е помалку комплицирана, се надевам дека ќе биде 100 отсто подготвен за да настапи во четврток. Тој го сака тоа“, рекол тренерот на Реал Зинедин Зидан.
Реал Мадрид во четврток ќе го пречека Виљареал во претпоследното коло во Ла Лига. Со евентуална победа Реал ќе ја обезбеди шампионската титула.