Адемола Лукмен стана првиот Англичанец со постигнат гол во Бундеслигата од 2005 година, откако во 81. минута ги шокираше Борусија Менхенгладбах за Лајпциг да стигне до важна 0:1 победа во дербито на 21. коло.
„Ждребињата“ и тимот на Ред бул беа блиску до реми без голови, пред Лукмен по асистенција на Наби Кеита да постигне убав гол за три поени од „Борусија парк“. Иронично во исто време, Евертон, тимот од каде што Лукмен замина на „позајмица“ во Лајпциг загуби катастрофално со 5:1 од Арсенал.
Со победата, РБ Лајпциг се израмни со второпласираниот Баер Леверкузен на 35 поени, дури 18 зад Баерн Минхен, додека Менхенгладбах сега се седми со 31 поен.
Last minute winner by @Alookman_ ??
Great run, great goal.
A penny for Sam Allardyce’s thoughts.
pic.twitter.com/gywlWZcq8R— Off The Post News (@offthepostnews) February 3, 2018