Во 44-тото коло на Чемпионшип, Виган кој е на средина табелата без посебни амбиции го победи „давенико“ Хал со 8-0.
Интерес е податокот дека на полувремето на семафорот стоеше 7-0 за домаќините.
На Хал „му гори под нозе“, зе наоѓа на 22-тата позиција и е на 1 бод од спас во втората по ранк лига во Англија.
Меѓутоа, Виган беше растоварен од императив и затоа уште во втора минута поведе со 1-0. Во 27 беше 2-0, во 32 3-0, а до 45-тата уште 4 гола во мрежата на поранешниот премиерлигаш.
Ова за Хул е најтешкиот пораз откако клубот постои, а во истовреме за Виган е највисоката лигашка победа.