Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ги повика своите навивачи во случај титулата да заврши на „Сантијаго Бернабеу“ да не се собираат на јавни простори затоа што тоа би било чекор назад во борбата против коронавирусот.
Реал има 4 бода предност пред Барселона, на 2 кола до крајот и веќе утре може да ја обезбеди 34-тата титула шампион на Шпанија.
„Победите и титулите секогаш ги споделуваме со навивачите, но во овој момент мораме да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Поради тоа мораме да дадеме свој придонес и да покажеме одговорност за да го избегнеме ризикот од зараза“ порачаа од Реал Мадрид.
Шпанија е една од државите во Европа кои беа најтешко погодени од пандемијата, со околу 300.000 заразени и безмалку 30.000 починати.
Градоначлникот пак на Мадрид, рече дека прослава сепак ќе има, но сите ќе мора да бидат со маски:
Во Мадрид ќе има голема прослава ако Реал стане шампион, и покрај короната