Тренерот на Барселона Кике Сетиен рекол дека тој има само делумна одговорност што клубот нема да ја одбрани титулата во Ла Лига.
До крајот на сезоната во Шпанија останаа уште две кола, во кои Реал ќе влезе со четири бода повеќе од Барселона. Доколку утре Реал го победи Виљареал тогаш и теоретски ќе ја обезбеди 34 титула во клупската историја.
Реал до пол-позицијата дојде благодарение на деветте победи, во исто толку натпревари, откако беше рестартирана сезоната. Во исто време Барселона победи шест пати, а три пати играше нерешено (Севилја, Селта, Атлетико Мадрид).
„Ја преземам одговорноста, но не во целост“, рекол Сетиен.
„Секако дека секогаш први на удар се тренерите. Меѓутоа не мислам дека е катастрофа што три пати одигравме нерешено. Заслугите одат кај Реал, тие победија на сите натпревари“.
Кике Сетиен знае и зошто неговиот тим не бележел подобри резултати.
„Немавме свежина. Екипи какви што се Ваљадолид и Осасуна имаа повеќе играчи во ротацијата од нас. Тешко не погоди повредата на Френки де Јонг“.
Барселона утре вечер ќе ја пречека Осасуна.