Дани Себаљос може да го напушти Реал за 25 милиони евра. Фудбалерот од редот за врска е позајмен во Арсенал, но јасно е дека клубот од Лондон нема да го откупи неговиот договор.
Дани Себаљос во 2017 година, со наградата за најдобар играч на Европското првенство за фудбалери до 21 година, од Бетис за 16,5 милиони евра се пресели во Реал.
Не успеа да се наметне кај Зинедин Зидан, поради што и замина на позајмица во Арсенал.
Шпанците тврдат дека најверојатно тој ќе се врати на „Бенито Виљамарин“. Бетис од наредната сезона ќе го предводи Мануел Пелегрини.
„Сите знаеме за каков играч се работи, за нас тој е феноменален. Доколку се решиме да тргнеме по неговиот потпис не знам дали тоа би била лесна или тешка операција. Она што е неспорно е дека нивото на кое што може да игра е фантастично“, рекол привремениот тренер на Бетис Алекс Трухиљо.