Премиер лигата потврди дека по натпреварот со Челси ќе им биде врачен шампионскиот пехар на фудбалрите на Ливерпул. Новите шампиони на Англија ќе го пречекаат Челси на 22 јули од 21.15 часот.
Фудбалерите на Ливерпул математички ја освоија титулата по 31 коло кога го победија Кристал Палас, а Челси го порази Манчестер сити.
Пехарот ќе им биде доделен во претпоследното коло бидејќи тоа ќе биде последниот натпревар што ќе го одиграа „црвените“ на домашен терен оваа сезона.
Премиер лигата објави дека пехарот ќе им биде доделен на посебна свеченост по завршувањето на натпреварот.
Тој натпревар нема да има никакво значење за Ливерпул, додека за Челси ќе има исклучително значење бидејќи „сините“ со Лестер и Манчестер Јунајтед се борат за пласман во Лигата на шампионите.