Почетокот на сезоната во регионалната кошаркарска АБА лига ќе биде одложен на две недели поради неповолната епидемиолошка ситуација со коронавирусот во регионот.
Стартот на АБА лигата беше планиран за 19 септември, меѓутоа сезоната во регионот ќе започне на 3 октомври. „Вјести“ од Подгорица тврдат дека оваа одлука лигата ќе ја соопшти до крајот на месецот.
Претходно поради коронавирусот АБА лигата соопшти дека нема да се игра Суперкупот.
Најверојатно на две недели ќе биде поместен и почетокот на Евролигата. Елитното натпреварување според актуелниот календар треба да започне на 1 октомври.