Тренерите на Болоња и Наполи, Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо, се приказна на денот во фудбалската јавност во Италија.
Со години Михајловиќ и Гатузо беа ривали на фудбалските терени, вчера се најдоа на спортивните стани со своите клубови, но тоа не ги спречи неколку минути пред почетокот на натпреварот да го минат во пријатен разговор.
Фотографиите кои ја обиколија Италија добија позитивни коментари.
„Ваков фудбал сакам“, гласи најпозитиниот коментар.
Натпреварот заврши 1:1, на двата тима им припадна по едно полувреме, а по мечот Гатузо ја коментирал дружбата со Михајловиќ, бидејќи и двајцата додека играа беа познати како жестоки момци.
„Синиша е поопасен од мене. Јас лаам, но не гризам. Но кога Синиша ќе залае мора да внимавате“, рекол Гатузо.