Top Sport

Јунајтед го имаат „пикирано“ Клајверт јуниор

Манчестер јунајтед се во напредната фаза на преговори за трансфер на Јустин Клајверт од Ајакс, 18-годишниот син на легендата на холандскиот клуб, Патрик.

Жозе Мурињо го познава тинејџерот од неговото детство кога доаѓаше во Барселона со неговиот татко Патрик, а по финалето на Лигата на Европа минатата година, Мурињо имаше интимен разговор со младиот Холанѓанец зголемувајќи ги шансите тој да заврши на „Олд Трафорд“.

Јунајтед според „Мирор“ се подготвени да платат 10 милиони фунти плус дополнителни бонуси за членот на холандската репрезентација под 21 година, а договорот би требал да биде „готов“ на крајот на сезоната. Клајверт дебитираше за Ајакс како 17-годишник и веќе има 29 настапи за првиот тим, на позицијата на лево крило, а има и седум гола оваа сезона.

Еве зошто Јунајтед го сакаат Клајверт јуниор (видео)

Scroll to Top