Top Sport

Роналдо до камерманот: Снимај на теренот! (видео)

Зинедин Зидан го замени Кристијано Роналдо во 82. минута од 2:2 ремито со Леванте, по што една од ТВ-камерите реши да се фокусира на реакцијата на бројот 7 на клупата.

Роналдо го забележа тоа и ги стави рацете на усните: „Не ова“. Тој потоа му покажа на камерманот да си ја врши работата и да го снима теренот, а не него.

Ако нешто е добро во лошата форма на Реал, тогаш тоа се извештаите од Шпанија дека тимот се согласил да му ја зголеми платата, од 21 на 30 милиони евра годишно. Роналдо веќе го известил тимот дека сака да остане со „Лос бланкос“ без разлика на што ќе се случи, а зголемувањето од 9 милиони евра е сосема доволно, тврди весникот „АБЦ“.

Scroll to Top