Top Sport

Јунајтед ја „замрси“ трката кон Лигата на шампиони (видео)

„Црвените ѓаволи“ брзо го преболеа губењето на два бода на мечот против Саутемптон, па денеска триумфално против Кристал Палас, 2-0 во нивна корист.

Иако во првиот дел свои шанси имаа и двата тима, сепак Јунајтед отиде со предност на паузата. Заслужен за тоа е Рашфорд кој одлично се ослободи и погоди за 0-1 во послените секунди од првото полувреме.

Во вториот дел домаќините тргнаа поамбициозно.

Во 55 минута успеаја да постигнат погодок за израмнување. Ајув стрелаше за 1-1. Сепак ВАР ја прегледа снимката и голот беше поништен поради офсајд.

Имаа играчите на Палас уште неколку можности пред голот на Де Хеа кои останаа неискористени.

Казната стигна во 78 минута кога препородениот Марсијал погоди за конечни 2-0 за „ѓаволите“.

Вистинска мешаница е на позициите 3, 4 и 5 на табелата во Премиерлигата. Челси, Лестер и Јунајтед се во само еден бод, Челси е пред двата ривали.

До крајот на сезоната има уште две кола, па доколку играчите на Солскјер сакаат идната сезона учество во ЛШ, ќе им требаат две победи.

Најпрво дома со Вест Хем, а потоа и нагости со директниот конкурент, Лестер.

Scroll to Top