Тренерот на НБА тимот, Денвер Нагетс, Мајк Мелоун им даде изјава на медиумите во САД на првиот тренинг со екипата во Орландо.
Центарот на екипата, Никола Јокиќ кој беше позитивен на коронавирусот неодамна стигна во САД. Тој ќе биде една од главните алки во тимот во борбата за титулата.
Мелоун за него имаше само зборови за пофалба.
„Изгледа сјајно, но мислам дека овде донекаде е загубена поенатата. Никола последните 3 месеци колку што траеше пандемијата се посвети на тоа да загуби килограми и да влезе во најдобрата форма. Очекувам дека ќе игра како и пред паузата. Зошто да не, тој е најдобриот центар во НБА лигата“ – истакна Мелоун.
Српскиот центар пред прекинот на сезоната просечно бележеше по 20.2 поени по меч, надополнети со 10.2 скока и 6.8 асистенции.