Top Sport

Сетиен: Не треба сега да се фрлиме низ прозорец!

Иако Барселона не успеа да ја освои титулата во Ла Лига, а капитенот Лео Меси упати критики за работата на кормиларот, сепак тренерот на Барса, Кике Сетиен се надева дека ќе остане на клупата на каталонскиот клуб барем до завршницата од ЛШ.

„Се надевам дека ќе останам за ЛШ, ама не знам. Се сложувам со Меси, со некои работи. Тажни сме и фрустрирани, поразот е апсолутно не фер. Н очекував дека некоја екипа ќе ги добие сите мечеви во продолжението на сезоната, но Реал е на тој пат“ вели Сетиен.

Сепак, кормиларот на Каталонците вели дека ситуацијата не е толку драстична и смета дека Меси рекол многу работи со „загреана глава“.

„Некои работи мора да ги поправиме, но некои ги правевме добро, не треба сега да се фрлиме од прозорец. Сите сме фрустрирани, но сега имаме неколку слободни денови и верувам дека ќе бидеме чисти во главата. Во ЛШ мора да одиме со максимален фокус“ смета Сетиен.

По синоќешниот пораз од Осасуна се осврна на зборовите на Меси.

„Јас сум најодговорен, но уверен сум дека за ЛШ ќе бидеме друга екипа, ќе пристапиме со максимален ангажман. На тоа можам да влијаам, на останатото не“ – смета тој.

Scroll to Top