Top Sport

Со 7 одиграни меча освои титула и во Бундеслига и во Ла Лига

Познати се шампионите на „Лига 5“, освен Серија А. Таму се очекува Јуветус да стигне до нова титула.

Бундеслигата ја освои Баерн Минхен, Ливерпул доминираше во Премиерлигата, ПСЖ е шампион во Франција, а синоќа Ла Лига ја освои Реал Мадрид.

Еден играч успеа сезонава да освои двет титули, и во Бундеслига и во Ла Лига.

Се работи за 24-годишниот десен бек, Алваро Одриозола. Играчот е на Реал Мадрид, само е на позајмица во Баерн Минхен.

Иако вкупно сезонава настапи на само 7 меча, 4 за Реал и 3 за Баерн, сепак тоа му беше доволно за две титули.
Одриолоза во Мадрид стигна од екипата на Реал Сосиедад.

За „Фуријата“ досега има 4 настапи.

Scroll to Top