Top Sport

Икер Касилјас се враќа во Реал Мадрид

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас се враќа во Реал Мадрид откако го напушти клубот во 2015 година и отиде во Порто. Според информациите, тој се враќа во клубот на позиција советник на претседателот, Флорентино Перез.

Самиот Перез го повикал голманот и му понудил работа, Касилјас прифатил и со потегот ги израдува многубројните навивачи на Кралскиот клуб.

Касилјас има 39 години.

Првите фудбалски чекори ги имал во Атлетик Билбао, а на „Бернабеу“ се сели во 1990 година.

Во првата екипа се појавува веќе во 1997 година, на мечот од ЛШ против норвешки Розенборг.

Само 3 години подоцна стана најмладиот чувар на мрежата кој заигра во финале на ЛШ, против Валенсија. Реал триумфираше со 3-0.

Брзо потоа дебитираше и за „Фуријата“. Со Шпанија освои две последователни титулу, европски и светски шампион.

За Реал Мадрид настапи на 723 меча, а дресот на националната селекција го носеше на 162 меча.

Scroll to Top