Top Sport

Уеска експресно се вратија во Ла Лига

Фудбалерите на Уеска се вратија во елитниот ранг на шпанскиот фудбал, Ла Лига. По една година пауза клубот успа да избори промоција меѓу најдобрите.

Уеска на коло до крајот на натпреварите во Сегунда со победата над Нумансија (3:0) стекна предност од недостижни четири бода во однос на Алмерија.

Оваа екипа прв пат во клупската историја се пласираше во ла Лига во сезоната 2018/2019 но експресно испадна во Втората лига, од синоќа повторно се дел од елитата.

Во минатото коло промоција во Ла Лига, по пауза од 14 години избори и Кадиа.

Третата екипа која ќе игра во Ла Лига ќе биде позната откако ќе се одигра плеј-офот. Таму сигни се Алмерија, Џирона, Сарагоса и најверојатно Фуенлабрада.

Од Ла Лига во Сегунда веќе испаднаа Еспањол и Мајорка, а третиот тим ќе биде Леганес или Селта.

 

Scroll to Top