Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ го критикувал толкувањето на правилото за офсајд, односно ги критикувал одлуките што ги носат судиите со помош на ВАР-технологијата.
Тренерот на Болоња ги повикал надлежните да се позанимаваат со ова прашање и да изнајдат решение за во иднина да нема „милиметарски офсајди“.
„Мислам дека ни треба многу повеќе толеранција. Нема логика да се поништуваат голови само поради тоа што на некому носот или рамото му биле во офсајд. Навистина, тоа е премногу иако правилата се јасни“, рекол Михајловиќ.
Тренерот ова го изјавил во најавата за мечот помеѓу Милан и Болоња кој ќе се одигра веќерва во 21.45 на „Сан Сиро“ во Милано.
„Мислам дека тоа мора да се промени. Потребно е да се најде подобро решени. ВАР е прецизен, сигнализира дури и милиметар, некогаш тоа ќе ви помогне, некогаш не. На Болоња и се случило и едното и другото, мораме да се прилагодиме. Се надевам дека во иднина нешто ќе се смени во врска со ова правило“, заклучил тренерот на Болоња.