Top Sport

Одржан кризен состанок – Сетиен и понатаму ќе биде тренер на Барселона

Кризен состанок синоќа на „Ноу Камп“ одржал претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу со тренерот Кике Сетиен. Весникот „Спорт“ објави дека Сетиен ќе ја предводи Барса и во Лигата на шампионите. Барселона на неславен начин, со пораз од Осасуна на домашен терен, во четвртокот, му ја предаде титулата на Реал Мадрид.

Кике Сетиен ја презеде Барселона на 22 јануари и до крајот на сезоната не успеа да добие ниту еден натпревар кој беше од витална важност за клубот, покрај испадна во четврт-финалето на Купот.

Сепак тренерот доби можност да ја води Барса и во Лигата на шампионите. На 8 август Каталонците ќе го одиграат осмина-финалниот реванш против Наполи.

Како игра Барселона нема да биде чудо доколку не успее да го мине Наполи. Тоа по мечот со Осасуна го потенцираше и Лионел Меси.

„Од јануари играме многу лошо“, го нагласил Меси периодт кога сетиен стана тренер и дополнил.

„Наполи? Со ваква игра никого не можеме да победиме“.

Барселона утре ќе го одигра натпреварот од последното коло во Ла Лига против Алавес, потоа играчите ќе добијат пет дена одмор, па потоа ќе ги започнат подготовките за Наполи.

Доколку Барса ги мине наполитанците во четврт-финалето ќе ги чека Баерн.

Scroll to Top