Легендата на Барселона Христо Сотичков упатил остри критики кон челните луѓе на клубот и тренерот Кике Сетиен, поради неуспешната сезона што клубот ја имаше во Ла Лига.
„Зошто Барселона не успеа да ја освои титулата? Поради просечниот тренер и неговиот помошник кои немаат победнички менталитет“, рекол најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња.
Сепак тој смета дека најголем виновник за она што и се случи на Барселона е претседателот Џозеп Марија Бартомеу. Според него клубот направил грешка кога му врачил отказ на Ернесто Валверде, а на неговото место го постави Сетиен.
„Ги избрка Валверде во моментот кога беше прв во Ла Лига. Зошто не го избрка по поразот во Рим од 3:0 или поразот во Ливерпул 4:0 или поради поразот од Валенсија во финалето во Купот на Кралот? Знаете што ме загрижува? Потрошија милијарда евра и ништо не освоија“, рекол Стоичков.
Единствена шанса за Барселона да освои титула оваа сезона е Лигата на шампионите. Во осмина-финалето противник им е Наполи, реваншот се игра на 7 август.